Драги патници,
    добредојдовте во Оскар Травел Сервис.


       Туристичката агенција e основана  во 1995 година од Г. Мате Бошкоски, кој и претходно имал долгогодишно искуство во туристичкото работење во реномирани туристички агенции. Во дејноста  на Оскар Травел Сервис опфатен е комлетен туристички сервис со широка лепеза на услуги како што се:

  • летувања, зимувања, авионски билети, конгреси, семинари, екскурзии, саеми, спортски настани и други услуги
     Особено ќе ни причинува задоволство ако Вие ни го доверите Вашето патување/одмор во наши раце, за чие реализирање ќе се потрудиме да биде изведено со највисок квалитет. По вашиот избор на услугата и понатаму остануваме со Вас, нудејќи Ви ги сите потребни информации и помош, како пред, така и за време на услугата. Долгогодишното искуство во туристичкото работење како и ентузијазмот кај сите вработени ќе придонесат Вашето патување/одмор да биде токму како што сте го замислиле. Контактирајте не и ние ќе Ви ги реализираме соништата. Ние сме тука да ви помогнеме при планирањето на Вашето патување. Благодарение на достапноста на доверливите и потврдени информации би сакале да ви обезбедиме комплетно задоволство во патувањето, бидејќи

Задоволството во патувањето има име : ОСКАР ТРАВЕЛ СЕРВИС

За сето тоа ќе се погрижат вработените во канцеларијата во Скопје

Мате Бошкоски - управител
Eлена Маленкова
Сања Ѓорѓиевска
Саша Додевска

Дарко Панов

Работно време:
понеделник - петок од 09.00 до 17.00
сабота од 09.00 до 14.00

Телефони: 02/ 3134-090 и 02/ 3122-084

Адреса: Бул. Гоце Делчев 6, 1000 Скопје, / НУБ Св. Климент Охридски

e-mail: oskartravel@oskartravel.com.mk

e-mail: oskarmb95@on.net.mk

www.oskartravel.com.mk