ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО РАКОМЕТ 2020 – ВИЕНА

Виена, царски град и една од најстарите метрополи во Европа, беше главен град на Австриското Царство и Австроунгарската монархија, кога и го достигнува својот зенит кон крајот на 19.век…омилена дестинација на милиони туристи од целиот свет, најповеќе благодарејќи на многубројните културно-историски споменици, палати и разновидната културна понуда. Виена е и музичка светска престолнина, во која живееле и твореле најпознатите композитори : Хајдн, Моцарт, Бетовен…меѓу многубројните атракции посебно место завземаат Виенската Опера, дворецот Шенбрун, Хофбург, катедралата Св.Стефан, забавниот парк Пратер. Виена неколку години наназад е гласана за град со најдобар квалитет на живеење.

1 ДЕН (09.01.20 – четврток) : Битола-Скопје- Виена   
Состанок на групата на Градската Автобуска Станица во 15:30 ч.
Поаѓање за Австрија во 20:00 часот…патот води преку Скопје (19:00 ч), Србија, Унгарија. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности .

2 ДЕН (10.01.20 – петок) : Виена
Пристигнување во Виена во претпладневните часови… сместување во хотел/хостел околу 14:00 Слободно време за одмор или индивидуални активности. Во договорено време поаѓање со локален превоз кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Р. Чешка – Австрија 18:15 ч. , Македонија – Украина 20:30 ч. Ноќевање.

3 ДЕН (11.01.20 – сабота) Виена
Појадок. По појадокот (факултативно, времетраење околу 4 часа) панорански разглед на Виена со локален водич,…Парламентот, Рингштрасе, Градската Палата (Ратхаус), црквата Вотив,Операта, Универзитетот, комплексот Хундертвасер, дворецот Белведере, градскиот парк…  дворецот Хофбург, од каде се стигнува до строгиот центар на градот (улиците Грабен и Кертнер), каде се наоѓа монументалната Катедрала на Св.Стефан (Штефан дом)… или  време за индивидуален разглед на градот.Слободно време. Ноќевање.

4 ДЕН (12.01.20 – недела) Виена
 Појадок. По појадокот слободно време за индивидуални активности (предлог актвности подолу во програмата).. Во договорено време во поаѓање со локален превоз кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle и следење на натпреварите Чешка – Македонија 16:00 ч. , и Австрија – Украина 18:15 ч. По натпреварите слободно време. Ноќевање.

4 ДЕН (13.01.20 – понеделник) : Братислава-шопинг центар Парндорф
Појадок. По појадокот  поаѓање за Братислава, Р. Словачка(80 км во правец) панорамски разглед со локален водич низ Стариот град Националниот театар, палатата Примата, Старата градска општина и плоштадот Хлавно наместје, Михалска Порта, концертната сала Редута, палатата Палфи, Претседателската палата, Катедралата Св.Мартин, Сината Црква, Црквата Св.Тројца… Слободно време за ручек/кафе. (предлог места за посета подолу во програмата). На враќање кон Виена посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“, слободно време за шопинг … Во договорено време враќање за Виена. Ноќевање

5 ДЕН (14.01.20 – вторник) Виена-Битола/Скопје
Појадок. По појадокот напуштање на собите, слободно време за индивидуални активности. Во  договорено поаѓање кон спортскиот комплекс Wienner Stadhalle, следење на натпреварите Австрија-Македонија 18:15 ч. Украина – Чешка 20:30 ч. Во договорено време (околу 22:30 ч) поаѓање за Македонија..
Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во Македонија во утринските часови. 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ :   
 22 880 денари  по лице (369 €)    
21 640 денари по лице (349 €)
за целосна уплата до 01.12.2019 !!!

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ  :
Исклучиво во денарска противвредност

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
– Автобуски превоз на горенаведената релација,
– 4 НП во хотел/хостел во Виена
– поаѓање од Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово
– блок билети за сите натпревари од група Б (дати:10.01, 12.01, 14.01)
– организација, водство и реализација на аранжманот.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА :
– Факултативните излети и посети, влезниците при посета на културно-историските споменици,
– разглед на Виена со локален водич 10 евра по лице (1.10.2020)
– Посета на Братислава и разгледна градот со локален водич 20 евра по лице (13.10.2020) , на враќање посета на шопинг центарот (аутлет) „Парндорф“
– патничкото осигурување (околу 200 ден. – по лице).
– билети за локален превоз (2,5 евра во правец)

Опис на хостелот Wombat’s  и начинот на сместувањето 
https://www.wombats-hostels.com/vienna/the-naschmarkt ) 

– Како што подразбира името, градскиот хостел Вомбат Виена Нашмарк се наоѓа веднаш до најпопуларниот пазар во Виена, Нашмарк. Само излезете од влезната врата за да ги разгледате тезгите со храна и пазарот!
Метро станицата Kettenbrückengasse (U4) се наоѓа на само неколку минути оддалеченост. Од Виена Насмарк Вомбат, уживате во еден од најдобрите погледи на прекрасните антички градби околу оваа област. 

Сместувањето е во 1/4 или 1/6 креветни соби (со приватно wc и туш кабина) со кревети на кат, секој кревет има приватен гардеробeр со заклучување.

– сместување 14:00 часот,
– одјавување 10:00 часот     
– доручек( 07:00 – 10:30) вклучено во цена
– туристичка такса – вклучено во цена   
– Wi Fi – вклучено во цена
– кујна на користење ( бесплатно)
– 24 часа рецепција.